ФОТО: Новото засилување на Рома со „десетката“ на Тоти, навивачите бесни

Младиот репрезентативец на Бразил Жерсон е нов член на Рома.
gerson-500
Жерсон има 18 години и игра на позицијата играч за врска, а ја минал комплетната младинска школа на Флуминенсе.

Тој уште шест месеци ќе остане на позајмица во бразилскиот тим, бидејќи Рома во овој преоден рок веќе ангажираше двајца играчи од земјите надвор од Европската унија, Един Џеко и Мохамед Салах, а толку е максимумот кој го дозволува Серие А во еден преоден рок.

Интересно е тоа што Жерсон се фотографирал со дрес на Рома со бројот 10 кој е во сопственост на капитенот и легендата на тимот Франческо Тоти.

Поради оваа фотографија навивачите на Рома збеснаа и воедно искажаа револт на социјалните мрежи, едногласно потенцирајќи дека десетката му припаѓа единствено на Франческо Тоти.

Сепак, во одбрана на Жерсон застана спортскиот директор на клубот Валтер Сабатини кој изјави дека тој му го дал дресот со бројот 10 и дека не мислел со тоа да го навреди Тоти, туку сакал да покаже дека токму легендата на тимот е една од причините поради која Жерсон ја одбра Рома пред Барселона.

Инаку и европскиот првак беше заинтересиран за услугите на младиот Бразилец, кој сепак одбра да игра на „Олимпико“.