Баерн го совлада Реал и го освои пехарот на „Ауди Куп“

Фудбалерите на Баерн Минхен се победници на меѓународниот турнир „Ауди Куп 2015“, откако синоќа на својата „Алијанц Арена“ во финалето го совладаа Реал Мадрид со 1:0.

baern-500

Голот вреден трофеј го постигна Роберт Левандовски во 88.минута. Стрелецот на погодокот во игра влезе во второто полувреме на местото на Марио Геце.

Реал беше ослабен со отсуството на неколку стандардни првотимци меѓу кои и Кристијано Роналдо.

Во предигра на финалето, Тотенхем го совлада Милан со 2:0 и го освои третото место на овој силен турнир.