Ренова прими 5 гола, сега имаат замерки према судиите (ВИДЕО)

 IMG_20171117_183749

Вардар ја победи Ренова со 5-2 во Тетово во рамки на 15.коло во Првата лига, но домаќините се незадоволни од судењето на Дејан Јакимовски. 

Тимот од Џепчиште смета дека шампионот имал помош од судиите, бидејќи му бил досуден непостоечки пенал во првото полувреме, а тие не добиле два удари од белата точка во второто полувреме. Во продолжение ви ја пренесуваме реакцијата на Ренова на својата „Фејсбук“-страница.

„Резултатот можеби лаже, но видеото не. Скандалозен пенал во првото полувреме го корист на гостите и два недосудени пенали за Ренова во второто полувреме. Ова е резултатот на денешниот натпревар. Му честитаме на Вардар за победата, но се сомневаме дека ќе беше остварена ако не беше тенденциозното судење во нивна корист и да се наштети на другиот тим. Но, ова е правдата во македонскиот фудбал и ниту е прв, ниту последен пат да и се случи вакво нешто на Ренова“, стои во соопштението на „гипсарите“.