Нина „The Strina” со нова победа во UFC 120(видео)

nina-ansaroff-invicta-fc-7

Нина Ансарова е македонскиот МАЈК ТАЈСОН која е родена во Струмица и живее во Флорида.Таа е се, само обична девојка не. Нина се занимава со спорт за кој  ретко која девојка и воопшто знае што е. Ансарова е ултимејт борач во американското првенство  „UFC“. За ова спортување е потребна многу голема кондиција и постојано да е во добра форма, па затоа Нина тренира напорно веќе со години. Од мала изучува боречки вештини меѓу кои и теквондо и џиу џицу.

Нина помеѓу UFC борците е позната како “Тhe Strina” и ” „Macedonian Mauler”, со што иако ние во Македонија знаеме што значи “Тhe Strina”, во Амeрика тоа е мистерија. 

Нина својата последна борба ја имаше на 11ти ноември во кој извојува победа против Angela Hill во UFC 120. Билансот на Нина е 8 победи, и 5 порази во UFC натпреварувањето. 

Погледнете ги најинтересните моменти од борбата: