Италија тагува! “Викинзите” заминуваат во Русија!!! (ФОТО)

IMG_20171113_224932

На реванш натпреварот од бараж-двомечот за пласман на Светското првенство во Русија, фудбалерите на Италија на „Сан Сиро“ одиграа само 0-0 против Шведска и по цели 60 години не успеаја да се пласираат на завршницата на еден Мундијал. Швеѓаните влегоа со предност од 1-0 по првиот натпревар и со цврста одбрана ја остварија својата цел и обезбедија пласман на завршниот турнир во Русија.

Вентура денешниот натпревар го започна без Де Роси, со Жоржињо од првата минута. Италијанците од самиот старт ја имаа иницијативата, но сите акции во првите 15-тина минути завршуваа пред шеснаесетникот на Шведска. Во првиот четврт час имаше и две сомнителни ситуации во шеснаесетникот на двете репрезентации, но Лахос само дозволи играта да продолжи.

Во 17. минута Швеѓаните останаа без Јакуб Јохансон, кој го повреди коленото и беше заменет од Свенсон. Првата посериозна шанса „азурите“ ја имаа во 27. минута, Кандрева од пет метри биеше силно, но топката заврши над пречката.

До крајот на првото полувреме, домашните фудбалери доминираа, а во завршницата имаа извонреди шанси по ударите на Флоренци и Имобиле, но и во двата наврати Олсен не беше совладан, па на одмор се замина со почетните 0-0.

На стартот на вториот дел, избраниците на Вентура повторно играа пред голот на Олсен, а Флоренци во 52. минута биеше покрај стативата. Следеше шанаса на Кјелини, чиј удар исто така заврши покрај голот. Во 63. минута Вентура на теренот во игра ги внесе Белоти и Ел Шарафи и уште повеќе го засили притисокот кон голот на Олсен. Само две минути подоцна, по центаршутот на Флоренци, Лустиг ја погоди својата пречка, но за среќа топката заврши само во корнер.

Како одминуваше натпреварот, со оглед на предноста од првиот дуел, фудбалерите на Шведска главно беа ориентирани на одбраната и преку контри се обидуваа да ја пренесат топката на половината на „азурите“. Во финишот Италијаните носени од преполниот „Сан Сиро“ се обидуваа да го постигнат посакуваниот погодок, главно тоа го правеа со нафрлени топки, во 87. минута Ел Шарави биеше од близина, но Олсен повторно одлино одбрани и го трасира патот на својата репрезентација кон Русија.

Утре се игра последниот бараж натпревар од европската зона, меѓу Ирска и Данска. Првиот натпревар во Копенхаген заврши 0-0.