Вардар се заќити со три награди од “13 Ноември”

Актуелниот македонски и европски шампион Вардар доби три награди „13 Ноември” од Сојуз на спортови на Скопје.

Капитенот Стојанче Стоилов ја доби наградата за спортист на годината, Раул Гонзалес е избран за најдобар тренер, а машкиот тим за екипа на годината.

Во склад со критериумите за доделување на наградата 13ти Ноември Сојузот на спортови на Скопје, по повод денот на ослободувањето на Скопје 13 ноември, додели признанија и за:

Професори по Физичко воспитување – Јован Бизимовски

Тренер по кошарка: Џелал Красниќ

Спортски работници: Крсте Војнески и Назим Куртовиќ.

Спортски работници за Животно дело: Насе Кондовски, Јован Јовановски, Александар Анастасов и Златко Калински.

Спортски лекар: Боро Илиев.