Тренерот ме тепаше, ни ставаше инјекции, не нарекуваше ку*ви

daniele-foxhaven
Заработувала 2.000 фунти, но тоа и било искуство како од ноќна мора. Не можела да си замине затоа што била на десет часа од амбасадата на САД, без пасош и пари.

Иако има само 27 години, Даниеле Фоксховен е веќе фудбалерка во пензија. Поголемиот дел од кариерата поминала во САД, каде и денес води колеџ тим, но за најлошо искуство ги смета деветте натпревари во Енергија од Воронеж.

-Никогаш не сум помислила да се убијам, но се чувствував нездраво и болно, ја започна својата исповед за „Sports Illustrated“ Фоксховен, која заработувала околу 2.000 фунти месечно.

-Бев далеку од дома, тие не зборуваа англиски, но тоа ми беше возбудливо, затоа што не добиваат многу луѓе шанса да искусат друга култура и таму да заработат, вели таа.

Незгодно и било искуството со тренерот Иван Васиљевич Саенко.

-Седев на трева, а тој дојде и ме фати за уво. Тогаш ми удри шамар. Ништо не разбрав. Помислив: Тука е различно. А преведувачот покасно ми кажа дека тренерот не сакал да седам на ладниот терен, затоа што може да влијае на мојата плодност.

Но, Фоксхавен не мислела дека тренерот и мисли добро.

-Не говорев руски, но по говорот на телото на тренерот можеше да се види дека не вреѓа. На почетокот преведувачот ги ублажуваше неговите зборови, а многу од нив имаа сексуална конотација. Рекол дека луѓето ќе бидат заентересирани ако сме голи, дека подобро би било да сме проститутки отколку фудбалерки. Очигледно не викал ку*рви и идиоти.

Но, тоа не било се, играчите биле присилени и да добиваат сомнителни инекции.

-Доаѓаше во соблекувална и кажуваше дека е време за инекција. Пробувавме да избегнуваме, но тоа успеавме само во четири наврати.

Фоксхавен пробувала и порано да си замине од Русија.

-Ни се закануваше дека ќе ни ги задржи пасошите, ако пробаме да си одиме. Зошто не си отидов? Бев на десет часа од американската амбасада, немав пасош, ниту пари, ниту говорев руски јазик, вели таа.

Сепак, штом дошла шансата, се вратила во САД каде денес е тренер.

-Морав да се вратам кај родителите, затоа што не заработувам доволно, вели таа.