Фетел го освои Бразил! (ФОТО)

Себастијан Фетел, возачот на Ферари, забележа нова победа во Формула 1 шампионатот, откако денес доминантно прв ја мина целта на патеката „Интерлагос“ во Сао Паоло, каде се возеше трката за Голема награда на Бразил.

View image on Twitter
 

Германецот зад себе го остави Валтери Ботас од Мерцедес кој иако стартуваше од пол-позицијата, рано го загуби челното место, кое Фетел на фантастичен начин успеа да го задржи до самиот крај. На подиумот се искачи и вториот возач на Ферари, Кими Раиконен, додека новиот шампион, Луис Хамилтон се пласира на четвртата позиција. 

View image on TwitterСезоната ќе заврши на 26 ноември, кога ќе се вози трката на патеката „Јас Марин“ за Големата награда на Абу Даби.