Мамиќ: Ако ме осудат сам себе ќе си пресудам!

11477634w_r900x493
Првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ денеска одржа прес-конференција за јавноста.

Ја отворил со информацијата дека Динамо е блокиран поради долгот кон Дражен Ладиќ од 7 милиони куни, а потоа продолжи за репрезентацијата, медиумите, навивачите се додека не го отвори срцето и за неговото судење во Осијек за извлекување на голема сума пари од Динамо.

-Нема да ме видите во хрватскиот затвор! Би ја напуштил Хрватска во четири саекунди, но го сакам својот живот. Сам ќе си пресудам, не заслужив да одам во затвор. Ако ме осудат сам себе ќе си пресудам, рече Мамиќ.