Хорнер: Мерцедес и Ферари до 2021 ќе бидат неприкосновени на врвот

nintchdbpict000330992281
Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека Рено и Хонда немаат шанса да се добложат до Мерцедес и Ферари во однос на перформансите на моторот со правилата кои се на сила во моментов.

Британецот е свесен дека ситуацијата нема да се смени до 2021 година и поради тоа очекува двете екипи на чело да доминираат со своите мотори до тогаш

Во моментов трите екипи кои возат Мерцедес мотори имаат вкупно 603 поени кај конструкторите, а трите екипи со Ферари мотори имаат 412 поени. Споредено со Рено, чии три екипи имаат 286 поени, а Хонда има само 11 поени преку “својот“ Мекларен годинава.

„Ферари и Мерцедес се многу напред во однос на развојот и интересно е да се види што ќе направат Рено и Хонда до 2021 година.

Ние никогаш нема да прифатиме да не бидеме конкурентени, ќе продолжиме да притискаме, да се развиваме и да се обидеме со шасиајта да компензираме за послабиот мотор“, објасни Хорнер во својата изјава за Sky Sports F1.

Сепак, не се сасмо перформансите слаба страна, затоа што моторите на Рено годианва се покажуваат многу неиздржливи и често не издржуваат тркачки викенд.

Хорнер смета дека со сегашните правила во однос на моторите, спортот се движи во погрешна насока.

„Моторот не донесе ништо позитивно за Формула 1. Се надевам дека следната генерација на мотори ќе бидат поефтини и многу поедноставни, а сепак поиздржливи. Во таква ситуација можно е многу производители да одлучат да се вратат во спортот.

Мислам дека има историски многу важни производители кои сакаат назад во оваа тркачка серија. Астон Мартин е еден од нив, а и Ламборџини често ги посетуваат нашите состаноци.

Производителите секогаш доаѓале и си заминувале од спортот врз база на тоа дали им одговараат правилата или не. Мисланм дека ако производот биде како што треба и шоуто ќе биде на место, а производителите сами е дојдат.

Но, доколку правилата многу радикално се променат може и да загубиме некои од производителите кои во моментов се на гридот. Сепак, се додека го имаме Ферари и имаме историски силни тимови како Мекларен и Вилијамс, некои ќе си одат други ќе доаѓаат“, заклучи Хорнер.