ОФИЦИЈАЛНО: Перо Антиќ е нов играч на Црвена Ѕвезда

PERO-ANTIC
Перо Антиќ е нов играч на КК Црвена Ѕвезда
Враќањето во Македонија на Перо е на 20ти јануари кога „црвено-белите“ гостуваат во „Јане Сандански“.
Антиќ има играно за Ц.Ѕвезда и во минатото. Поточно од 2005 до 2007 година.
Крилниот центар во добропозната средина доаѓа како европски шампион од редовите на турски Фенербахче.

Антиќ, кој беше член на македонската репрезентација кога се оствари најголемиот успех и се освои четвртото место на ЕП во Литванија, зад своето име има три европски круни со Фенербахче и Олимпијакос, а исто така тој е и првиот Македонец кој успеал да настапува во НБА-лигата, како член на Атланта хокс.