Од свадба на Вардар меч! (ФОТО)

Komita-svadba-2-615x400
Се навикнавме насекаде да гледаме свадбени фото-сесии. Но, фотографирање на младоженецот и невестата на стадион досега не сме виделе.

Па така, на првенствениот фудбали натпревар меѓу Вардар и Силекс од 4. коло во Првата македонска лига имаше фото-сесија објави „Екипа“.

Младите сигурно се едни од навивчите на „црвено-црните“. За нив ниту сопствената свадба не може да биде пречка да не се „ѕирне“ дел од натпреварот. Напротив, дури и дел од фото-сесијата е убаво да се реализира на стадион!