Вака изгледаат групите за ЕП во кошарка

OgImage_en
Репрезентацииите на Словенија и на Литванија натпреварите од групната фаза на Европското првенство во кошарка ги завршија на првите места во своите групи.
Словенците денеска ја постигнаа и петата победа откако ја совладаа Франција, додека Литванија во дуелот за првата позиција во групата Б ја победија Германија.

Двојки 5.коло група А: Словенија – Франција 95:78, Грција – Полска 95:77. Финска – Исланд играат вечерва.

Табела: Словенија 5-0 (победи-порази), Франција 3-2, Финска 3-1, Грција 2-3, Полска 1-4, Исланд 0-4.

Двојки 5.коло група Б: Германија – Литванија 72:89, Грузија – Италија 69:71. Израел – Украина играат вечерва.

Табела: Литванија 4-1, Германија 3-2, Италија 3-2, Грузија 2-3, Израел 1-3, Украина 1-3.

Пласман во осминафиналето имаат обезбедено: Словенија, Финска, Франција, Грција (А група), Литванија, Германија, Италија, додека Грузија го чека исходот од натпреварот Израел – Украина. Украина со победа ќе обезбеди осминафинале.